Шкендија и Работнички одиграа пријателски натпревар на Градскиот стадион во Тетово, а убедливо подобар беше домаќинот и славеше со 7-2. Тоа беше прв меч за Борче Христов на клупата на „романтичарите“ и имаше можност да ги увиди сите проблеми во тимот на „романтичарите“.
Шкендија по првото полувреме поведе со 5-0, а во вториот дел играта беше малку порамноправна. Синдрит Гури постигна хет-трик, Аденис Шала беше двоен стрелец, а погодија и Дориев и Хебај. За Работнички стрелци беа Марио Станковски и Драган Стојков.
Шкендија следниот викенд ја пречекува Брегалница, додека Работнички е гостин на Струга Трим Лум.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski