Connect with us

Шчешни: Одеднаш не можев да дишам, сега сѐ е в ред (ВИДЕО)

Јувентус го победи Спортинг Лисабон со 1-0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа, а сѐ е в ред и со голманот Војчех Шчешни, кој мораше да го напушти теренот на средина од првото полувреме затоа што почувствува тегоби.


Полскиот интернационалец во еден момент побара лекарска помош бидејќи не можеше да земе воздух. Тој беше заменет и веднаш замина на прегледи, а за среќа се покажа дека не е ништо сериозно. Шчешни имал забрзана работа на срцето, која брзо се стабилизирала.

„Се исплашив многу. Не можев да дишам, но сега сѐ е в ред. Лекарските прегледи покажаа дека немам никакви посебни проблеми. Но, во тој миг на теренот навистина бев преплашен“, изјави Шчешни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови