Connect with us

Саутгејт: Жештината е виновна за нашиот пораз од Унгарија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, призна дека неговата селекција одигра лошо на гостувањето кај Унгарија. Гордиот Албион загуби со 0-1 во Будимпешта и со пораз го почнаа новото издание во Лигата на нации.


„Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. И претходно имавме тешки натпревари со Унгарците. Нивната одбрана е многу организирана. Нерешениот резултат ќе беше фер, но ние не направивме доволно за да победиме“, изјави Саутгејт.


„Ни недостигаше агресивност. Мислам дека причината повеќе лежи во топлото време отколку во заморот од долгата сезона. Не сме се собрале три месеци, имаме само три натпревари за половина година. Разочарани сме затоа што ако сакаме да постигнеме нешто големо на Светското првенство во 2022 година, мора да победуваме на такви натпревари“, истакна кормиларот на Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови