Ријад Махрез го продолжи договорот со англискиот фудбалски првак Манчестер Сити за уште две години, соопштија од клубот. Тој ќе остане на „Етихад“ до летото 2025 година.
Махрез со Сити трипати ја освои титулата во Англија, три пати Лига купот и еднаш ФА Купот. Тој е шампион и со Лестер од 2016 година.
„Исклучително сум среќен што потпишав нов договор. Секоја секунда во овој клуб беше одлична за мене и среќен сум што ќе продолжам да бидам дел од овој неверојатен клуб. И јас помогнав во некои од успесите и никогаш нема да ги заборавам тие четири сезони. Наша заедничка цел е да продолжиме да победуваме“, изјави Махрез.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski