Connect with us

Рафиња раскажа за тешкото детство: Немав што да јадам и не знам како побегнав од дрогата и криминалот

Новата ѕвезда на Барселона, Бразилецот Рафиња, откри некои навистина неверојатни детали од своето минато.


25-годишниот фудбалер го исполни својот сон потпишувајќи за Барселона. Стана и репрезентативец на Бразил, но додека не дојде на големата сцена минал низ исклучително тешки моменти во животот.

„Моето детство беше многу компликувано. Беше тешко да пораснам во заедницата во Рестига. Беше тешко да останам фокусиран и да го следам мојот сон таму”, рече Рафиња, додавајќи:

„Познавам многу луѓе кои се изгубија себеси. Изгубив многу пријатели поради криминал. Имаше дрога и криминал и тоа уништи пријатели кои беа многу подобри од мене во фудбалот.

„Им ветија лесни пари. Тие ги прифатија и исчезнаа. За среќа, не скршнав од патот, но бев сведок на многу тешки судбини. Дете од делот на Порто Алегре кој е исполнет со криминал и дрога успеа да стигне до големата сцена. Денеска зборуваат за мојата магија во фудбалот, но вистинската магија беше бегањето од сето тоа“.

„Навистина сакав да успеам како фудбалер. Тоа бараше голема жртва и на 16 години веќе морав да патувам осум или девет часа за да тренирам. Едвај имав пари за автобус, не јадев ништо во текот на тој период. Немав ништо“.

Рафиња успевал на кој било начин да заработи барем малку пари.

„После тренингот стоев на улица и ги молев луѓето да ми купат нешто за јадење. Некои ми помагаа, други ме навредуваа. Имав 16 години и три месеци подоцна Имитуба стигна до финалето на националното првенство. Не го освоивме трофејот, но и тоа беше доволно за поголемите клубови да ме забележат“.

„Немав време да плачам. Ја користев секоја прилика што ми се укажа. Навистина сакав да играм за клубот кој ми даде шанса (Имитуба), но мојата приказна е поинаква. Многу играчи немаат шанса да играат во Бразил, но шансата за нив доаѓа во Европа. Јас сум еден од нив“, раскажува Рафиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови