Connect with us

Рафаел Леао останува во Милан, но клаузулата не е преголема – 175 милиони евра

Португалската ѕвезда Рафаел Леао останува во Милан и ќе потпише нов петгодишен договор. Клубот ќе му плати на Спортинг Лисабон 19 милиони евра кои судот му наложи на Леао да ги плати бидејќи незаконски го раскинал договорот.


Милан го доведе Рафаел Леао од Лил, во 2019 година, за сума од 35 милиони евра.


Португалецот ќе заработува 5 милиони евра по сезона, а откупната клаузула во новиот договор ќе изнесува 175 милиони евра.


Леао оваа сезона одигра 44 натпревари на кои постигна 13 гола и забележа 13 асистенции. Вкупно за Милан постигна 40 гола и запиша 34 асистенции на 159 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови