Connect with us

Работнички потпиша со Бразилецот Рафаел Гоес

Бразилскиот фудбалер Рафаел Гоес да Силва е нов фудбалер на Работнички. Тој стави потпис на договор со „романтичарите“ и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред. Гоес ја минал школата на славниот бразилски клуб Фламенго, а Работнички е негов прв клуб во Европа.


„Потпишавме договор со бразилскиот интернационалец Рафаел Гоес да Силва. Има одлични препораки, ја минал младинската школа на славниот Фламенго и веруваме дека ќе биде квалитетно засилување за Работнички. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но може по потреба да одигра и во одбраната“, вели спортскиот директор Горан Станковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови