Connect with us

Проблемите за Ентони се зголемуваат: Уште две жени го обвинуваат Бразилецот за насилство

Проблемите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Eнтони, се зголемуваат. Откако Бразилецот беше обвинет од неговата поранешна девојка Габриела Кавалин за семејно насилство, сега повеќе жени објавија дека биле предмет на агресија од страна на 23-годишниот крилен напаѓач.


Две други девојки во Бразил се огласија со обвинувања против Eнтони дека биле малтретирани од него. Студентката по право Раиса де Фреитас тврди дека и било потребно болничко лекување по инцидентот во мај минатата година кога била нападната од фудбалерот на Манчестер Јунајтед и Малу Охана (поранешна сопруга на бразилскиот играч Дуду) во автомобилот на Ентони, откако тројцата го напуштиле ноќниот клуб во Сао. Пауло.

Покрај неа, 33-годишната банкарка Ингрид Лана за бразилската телевизија „Рекорд“ тврдела дека Ентони бил агресивен кон неа во октомври.

„Тој се обиде да има секс со мене, а јас не сакав. Ме турна до ѕидот и јас си ја удрив главата“, објаснува таа во интервју.

Овие нови обвинувања против играчот ќе направат уште поголем притисок врз Манчестер Јунајтед да преземе мерки за Ентони, откако тој беше суспендиран од репрезентацијата на Бразил во понеделникот вечерта по првите обвинувања против него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови