Репрезентативната пауза заврши, а новото коло во Првата фудбалска лига го отвораат Скопје и Македонија ЃП со градска пресметка на Автокоманда. Ги дели само еден бод на табелата, и секако дека и двете екипи би сакале денеска (13 часот) да освојат „тројка“. На првиот меч во Ѓорче Петров, Македонија ЃП беше убедливо подобра, но тоа е веројатно мотив за „пиратите“ да покажат многу подобра игра на овој дуел.
Македонија ЃП забележа две победи во низа пред паузата, се чини дека новиот тренер Муарем Бајрами го стабилизира тимот, а Скопје треба да пронајде начин да ги скроти „лавовите“.
Останатите натпревари од 14.коло се играат утре. Струга Трим Лум го пречекува Работнички кој го промени тренерот во паузата. Сега „романтичарите“ ќе ги предводи Борче Христов.
Лидерот Шкупи на Чаир ќе го пречека Пелистер, а Шкендија е домаќин на Брегалница. Академија Пандев ќе го нагости Тиквеш додека во Велес ќе играат Борец и Ренова.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski