Connect with us

Пиоли: Сами си го отежнавме животот и пропуштивме победа против Рома

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, е незадоволен од пропуштената шанса за победа против Рома во самиот финиш на натпреварот. „Росонерите“ доминираа и водеа со 2-0, но доцните голови на Роџер Ибањез и Тами Абрахам донесоа бод за Рома.


„Штета што не успеавме да победиме на натпревар во кој одигравме толку добро. Натпреварите обично завршуваат во 95. минута и ако знаете дека вашиот противник е силен во ситуации по слободни удари, треба да обрнете повеќе внимание“, изјави Пиоли по последниот судиски знак.
„Разочарани сме, заслуживме да победиме, но си го отежнавме животот на крајот“, додаде тој.


„Не се согласувам дека погрешно ги направив замените. Секогаш правам замени мислејќи дека тоа е за доброто на тимот, но понекогаш не успева. Способноста на Дибала постојано да бара фаул се исплатеше на крајот. Ние им дадовме надеж и ги вративме во игра. Штета е, но ќе мора да најдеме начини да се подобриме“, заклучи Стефано Пиоли.


По ова реми, Милан се наоѓа на третото место во Серија А, израмнети бодовно со Јувентус, а со седум бода заостанување зад лидерот Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови