Connect with us

Пелистер остана без Принц Ампонсах кој сериозно се повреди

Проблемите на Пелистер само се заголемуваат. Покрај маките со очајното бодовно салдо и последната позиција на табелата, како и „обезглавениот“ стручен штаб по оставката на Димитар Капинковски, се намалува и ростерот.


Пелистер до крајот на сезоната нема да може да смета на интернационалецот од Гана, Принц Ампонсах. Тој сериозно се повреди откако ја скина тетивата и го очекува оперативен зафат и долга пауза. Напаѓачот ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови