Connect with us

Ново понижување за Деле Али, сака да си оди во ПСЖ

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али живее тешки денови во Тотенхем откако на менаџерската клупа седна Жозе Мурињо. Португалецот бележи одлични резултати со тимот, но во него одамна го нема Деле Али. Тој синоќа повторно беше понижен откако не доби шанса за настап ниту во Лигата на Европа на мечот против Антверпен кој немаше големо резултатско значење. 

Деле Али налутен си замина од трибините каде остана да седи како резерва. 

„Би било лошо ако не е налутен, а не игра“, изјави кусо Жозе Мурињо на прес – конференцијата.

Јасно е дека во јануари ќе следи разделба. Деле Али сака да си замине и да игра за да обезбеди место во репрезентацијата на Англија за Европското првенство, а најзаинтересиран за него е Пари Сен Жермен. 

   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови