Connect with us

„Норвешкиот Кака“ – Момчето кое учи италијански и во авион, додека другите зјапаат во мобилните

Норвешкото фудбалско чудо Јен Петер Хауге ги изненади и најголемите оптимисти со своите игри во дресот на Милан откако пристигна на „Сан Сиро“ од тимот на Бодо. Младиот напаѓач за само пет милиони евра го засили составот на „росонерите“, а веќе се наметнува кај Стефано Пиоли и малку потестува на Рикардо Кака. Веќе и го доби прекарот „норвешкиот Кака“ од медиумите на Апенините. А тој е толки скромен и има неверојатна работна етика. 

Постигна прекрасен гол за триумф на Милан против Спарта Прага во Лигата на Европа, а потоа во авион зема да ја научи најновата лекција по италијански јазик. 

„Тој е неверојатно талентиран и знам дека ќе успее, затоа што има и огромна животна дисциплина“, вели легендарниот Паоло Малдини, кој беше воодушевен од потегот на Хауге. 

Додека сите останати фудбалери зјапаа во мобилните телефони, Јенс Петер Хауге учеше италијански…

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови