Connect with us

Нејмар не сака да си замине од ПСЖ поради мундијалот во Катар

Нејмар нема да брза да го напушти Пари Сен Жермен и целосно е фокусиран на подготовките за Светското првенство во Катар оваа година.


30-годишниот фудбалер привлече интерес од голем број клубови по најавите дека би можел да си замине, а најзагреани беа Јувентус и Челси.


ПСЖ би заработил голема сума од продажба на напаѓачот, но Бразилецот наводно не сака да си замине и ќе остане во клубот.


Нејмар сака да остане поради претстојното Светско првенство и верува дека ПСЖ е најдоброто место за него да се подготви бидејќи се надева дека ќе му помогне на Бразил да го освои шестиот мундијалски трофеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови