Connect with us

Наинголан суспендиран – пушел електронска цигара на клупа

Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан продолжува со скандали. Тој потпиша за Антверпен како големо засилување, но по најновиот скандал е суспендиран од клубот.


Наинголан доби суспензија на неодредено време откако лежерно запали електронска цигара на клупата пред натпреварот против Стандард Лиеж.


„Сакам да кажам дека ми е жал за она што го направив. Направив сериозна грешка и се извинувам“, изјави Наинголан, кој во последните недели го загуби и стартното место во тимот.
Минатата недела Наинголан беше уапсен бидејќи возел без возачка дозвола, која претходно му е одземена затоа што бил во алкохолизирана состојба.


Наинголан се прослави во Италија играјќи за Пјаченца, Калјари, Рома и за Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови