Connect with us

На Баерн му прети одземање бодови затоа што испрати 12 фудбалери на теренот

Баерн Минхен убедливо го победи (1-4) Фрајбург во 28. коло од Бундес – лигата, но, сепак може да го загуби натпреварот со 3-0 на „зелена маса“ доколку домаќините решат да се жалат на фактот дека Баварците имаа 12 играчи на теренот.


Тоа се случи во 86. минута при водство на Баерн од 1-3, кога Џулијан Нагелсман направи двојна замена. Во игра влегоа Суле и Сабицер, но излезе само Толисо. Требаше да излезе и Кингсли Коман, но четвртиот судија по грешка го покажа бројот „29“ кој не го носи никој во Баерн. Така, Коман веднаш не сфати дека мора да излезе, а кога до него стигна информацијата од клупата, играта веќе беше продолжена.

Вкупно 17 секунди Баерн беше на теренот со дванаесет фудбалери пред Коман да го извести судијата за грешката и да го напушти теренот. Следеше триминутна расправија меѓу главниот и четвртиот судија, како и тренерот Нагелсман и менаџерката на тимот на Баерн, Кетлин Кругер, која всушност беше одговорна за пропустот бидејќи му кажа на четвртиот судија да го покаже бројот „29“, наместо „11“ на Коман.

Но, контроверзна е и одлуката на четвртиот судија кој дозволи двајца играчи да влезат во игра без исто толку да го напуштат теренот. Ништо не се случи во тие спорни 17 секунди, а мечото имаше осум минути судиско продолжение во кое Баерн постигна и четврти гол.

Правилата се јасни и Баерн би можел да остане без бодови поради тие несреќни 17 секунди, мечот ќе биде регистриран со службена победа на Фрајбург од 3-0, но само доколку домаќините решат официјално да се жалат. Крајниот рок за аплицирање на жалбата е понеделник.

„Постојат правила за тоа што се случи, а Фрајбург и Баерн и сите други клубови подлежат на нив. Не можам да кажам ништо друго. Сепак, не се случи ништово тие фамозни 17 секунди“, изјави тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх.

Дури и да му одземат три бода, Баерн Минхен сепак ќе има шест бода предност пред Борусија Дортмунд на шест кола пред крајот на првенството во Бундес-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови