Connect with us

Мурињо: На радио си жесток, а кога ќе дојдеш пред мене – си по*ран

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, уште еднаш се занимаваше со новинарите на прес-конференцијата во пресрет на денешниот натпревар со Сампдорија. Овојпат негова мета беше Алесандро Аустини, новинар кој го критикуваше на радио, а потоа постави тактичко прашање на прес-конференцијата.


„Очекував многу ‘пожешко’ прашање од тебе. Те слушнав вчера на радио, беше многу поагресивен, многу повеќе критикуваше. Не очекував толку лесно прашање. Дојдов до заклучок дека многу си агресивен и многу жесток на радио, а кога ќе дојдеш овде се ‘сереш’ пред мене“, рече скандалозно Мурињо.

Рома се наоѓа на седмата позиција во моментот, но со триумф денеска би се искачила две места погоре на табелата во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови