Жозе Мурињо експресно одговори на шпекулациите за можен трансфер во Пари Сен Жермен. Вчера дел од медиумите пишуваа дека Покетино си заминува од Париз, а дека францускиот шампион е заинтересиран да го доведе португалскиот стратег кој е на клупата на Рома.
„Јас ја сакам Рома! Човек сум кој не сака да губи и тука можеби ќе губам почесто отколку во други клубови, но луѓето ме сакаат, имам неверојатна емпатија кон навивачите и кон клубот. Никој не ме лаже и не ми ветувал работи што не можат да се остварат. Во Рома сум затоа што го сакам тој клуб“, изјави Мурињо.
Мурињо со Рома го освои трофејот во Конференциската лига. ПСЖ се обидува да пронајде нов тренер, а прв избор беше Зидан, кој ја одбил понудата. Во игра сега влегува Кристоф Галтие, поранешниот тренер на Лил и на Ница.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski