Легендарниот македонски ас Милко Ѓуровски е воодушевен од играта и триумфот на фудбалската репрезентација против Германија (1-2) во квалификациите за Светското првенство. Вели дека во еден момент не знаел дали фудбалерите си ги имаат сменето дресовите.
„Го гледав преносот на целиот натпревар, навистина ме интересираше. Во еден момент се прашував дали случајно фудбалерите ги заменија дресовите, верувајте. И покрај сите случувања во врвот на Фудбалската федерација, меѓу репрезентативците постои големо пријателство, што е сржта на успехот. Не би бил изненаден ако Македонија биде едно од откритијата на Европското. Ги искористи сите предности на Лигата на нации на најдобар можен начин. Ја набилдаа самодовербата со победи против рамноправни противници и сега влегоа да се надигруваат и со големите селекции. Знаете, и Германците веќе не се Германци, тие имаат се повеќе странци во својата репрезентација. Влегоа со мисла дека ќе дадат „пет парчиња“. Ама не можете да потценувате тим во кој играат Горан Пандев, Елиф Елмас и уште неколку одлични играчи“, анализира Милко Ѓуровски.
Тој смета дека Игор Ангеловски одлично ја доби фудбалската репрезентација на Македонија.
„Каков странец? Јас сум голем противник на тоа. Што му недостига на Ангеловски? Па, тој одлично ја доби репрезентацијата. Имаат хемија, самодоверба, играат одлично, ја победија Германија. Што би можеле друго да посакаме“, истакнува легендарниот напаѓач и член на првата генерација македонски репрезентативци.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski