Connect with us

Меси изведе магија од слободен удар за триумф на Аргентина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аргентина стартуваа со победа во новиот циклус јужноамерикански квалификации, откако како домаќини го победија Еквадор со 1-0. Три бода освои и Колумбија, додека Парагвај и Перу ремизираа – 0-0.


Централниот меч беше меѓу светскиот првак и Еквадор, кој го реши Лионел Меси.

Аргентинците долго се мачеа, тешко создаваа шанси бидејќи имаа само три удари кон голот, а еден заврши во мрежата. Во 78. минута, Меси ја намести топката и од слободен удар по којзнае кој пат маестрално го изведе за конечен триумф.

Лионел Скалони изведе состав кој ја одведе Аргентина и на светскиот трон, единствено изненадување беше Николас Гонзалес, кој во вториот дел беше заменет со стандардниот Ди Марија.

Како домаќин славеше и Колумбија со минимални 1-0. Колумбијците ја победија Венецуела со голот на Боре во 46. минута.

Во третиот натпревар Парагвај и Перу одиграа без голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови