Connect with us

Мане бил пред отказ од Баерн, а го спасил човекот кого го удри – Лирој Сане

Садио Мане направи невиден инцидент по завршувањето на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Баерн (3-0) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сенегалецот го удри Лирој Сане во соблекувалната. Наводно тоа го направил затоа што овој го навредил на теренот.


Реагираше клубот. Двајцата фудбалери им се извинија на соиграчите за инцидентот, а Садио Мане беше суспендиран на неодредено време и казнет со половина милион евра.

Сепак, од многу потешка казна, верувале или не, го спаси човекот кој го удри – Лирој Сане.

Според германскиот весник „Билд“, Сане во разговор со управата на клубот побарал Мане да не биде отпуштен поради тоа што се случило, иако на тоа размислувале и челниците на Баерн.

„Лирој Сане побара од клубот да не го раскинува договорот со Садио Мане и да не му изрече уште построга казна. За германскиот репрезентативец оваа тема е затворена“, пишува „Билд“.

Доколку покаже каење, Мане би можел да се врати во тимот за вториот натпревар против Манчестер Сити. Сепак, доколку има понуда за него во текот на летото, тој би можел да си замине. На клубот му треба напаѓач од друг профил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови