Connect with us

МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)

Шкупи влезе во победнички ритам. Амбициозниот тим од Чаир покажа квалитет и на гостувањето во Битола совладувајќи го Пелистер со 0-2. Експресно создаде два гола предност, а системот не го наруши ниту црвениот картон на Фреди Алварез.

Во тимот на Гоце Седлоски се функционираше одлично, а секако не е лесно да се освои „Тумбе кафе“ иако Пелистер на стартот на сезоната не е на посакуваното ниво. Во изборот на МАКФУДБАЛ, стратегот на Шкупи, Гоце Седлоски е најдобар тренер на третото коло во Првата фудбалска лига. Тој од клупата ги предводи најдобрите единаесетмина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови