Connect with us

Левски се загреа за македонски напаѓачи, покрај Бабунски во игра и Матеј Цветаноски

Бугарскиот прволигаш Левски, чиј член е македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, би сакал да ангажира нов напаѓач во зимскиот преоден рок, а се загреа за двајца Македонци. Првиот е Дориан Бабунски кој го носи дресот на Ботев Враца и веќе има искуство во бугарското првенство, а вториот е Матеј Цветаноски, крилниот напаѓач на Шкупи.

Како што откриваат бугарските медиуми, Матеј Цветаноски е понуден на Левски, а тренерот Станимир Стоилов сериозно размислува за негов ангажман. Тој оваа сезона имаше одлични настапи за лидерот на табелата Шкупи и за него постои интерес од неколку европски клубови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови