Connect with us

„Лавовите“ ја освоија Автокоманда: Емини со две торпеда го анулира „киксот“ на голманот Тасев

Македонија Ѓорче Петров продолжи победнички и по репрезентативната пауза. Тимот на Муарем Бајрами славеше со 1-2 на гости против Скопје, а најзаслужен за тоа е двојниот стрелец Сефер Емини.

Фудбалерот за врска на „лавовите“ постигна два гола и донесе триумф иако голманот Стефан Тасев направи голема грешка, ја испушти топката низ раце и низ нозе по слабиот шут на Ален Јашароски откосо од десната страна во 58.минута.

Емини девет минути подоцна постигна прекрасен гол од слободен удар, а во 77.минута уште еднаш ја затресе мрежата со удар од далечина откако одзеде топка во полето на домаќинот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови