Connect with us

Кварацкелија не инсистира на нов договор со Наполи

Крилниот напаѓач на Наполи, Квица Кварацкелија, нема претензии за продолжување на договорот. Ова го откри агентот на играчот, Мамука Југели. Последните денови излезе информација дека Грузиецот сака поголема плата од онаа што моментално ја добива.


Актуелниот договор на играчот е до 2027 година, а по сезона добива 1,4 милиони евра. Сепак, се чини дека нема ништо точно во оваа информација.

„Јас сум единствениот човек кој може да зборува за договорот на Кварацкелија, само јас. Тој е во Наполи нешто повеќе од една година и има прекрасно разбирање со директорите во клубот, така што можеме да кажеме само добри работи за нив. Квара се чувствува како дома во Неапол и можам да кажам дека никогаш не сме разговарале за неговиот трансфер во друга екипа. Немаше ништо слично. Не сме инсистирале ниту да му го обновиме договорот. Среќни сме од договорот што го имаме со Наполи, а за Квара единствена цел е клубот да ја одбрани титулата освоена минатата сезона, како и да настапи силно во Лигата на шампионите. Тој е среќен во Наполи, го сакаат навивачите, тој е во силен тим и се чувствува како дома. Не ми е гајле што велат медиумите. Доколку претседателот одлучи дека треба да го обновиме договорот, тогаш сме подготвени да седнеме и да преговараме, но во моментов сите сме задоволни од ситуацијата“, најави Југели.

Тој ги коментираше и гласините за сериозен интерес за Кварацелија летото од тимови како Реал Мадрид и Ливерпул.

„Повторно велам дека воопшто не сме разговарале за опција тој да го напушти Наполи. Можеби еден ден Квара ќе биде подготвен да игра за Реал Мадрид или за Барселона, но тогаш ќе донесеме одлука. Сепак, Наполи е тим. со играчи како Осимен, Ди Лоренцо и Зиелински и нема причина да сака да си замине“, додаде агентот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови