Connect with us

Конте потпиша за Тотенхем до 2023 година

Италијанскиот стратег Антонио Конте е нов менаџер на англискиот премиерлигаш Тотенхем. Тој потпиша договор до 2023 година и веднаш го презема кормилото на „спарс“ по заминувањето на Нуно Еспирито Санто.

Конте ќе заработува 15 милиони фунти по сезона, а побара од раководството на клубот дополнителен буџет од 150 милиони фунти за нови засилувања во наредните два преодни рока.

Тотенхем загуби од Манчестер Јунајтед со 0-3 во последното коло од Премиер – лигата и тоа беше одлучувачки фактор клубот да се раздели со претходниот менаџер.

Конте доаѓа со педигре на шампион во Серија А, во Премиер – лигата и поранешен италијански селектор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови