Connect with us

Јирген Клоп сака да го врати Артур по само половина месец

Ливерпул во последниот ден од преодниот рок изненадувачки го доведе Артур Мело од Јувентус. Бразилскиот играч за врска пристигна во Ливерпул на позајмица со опција за откуп, но многу е веројатно дека ништо нема да излезе од тоа. Англиските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп воопшто не е воодушевен од можностите и залагањето на Бразилецот.


Англискиот клуб веќе работи на раскинување на позајмицата, па Артур во јануари би требало да се врати во Јувентус. „Црвените“ платија 4,5 милиони евра за едногодишната позајмица на Артур, а на крајот од сезоната можат да го купат за нешто повеќе од 30 милиони евра. Артур досега одигра само 13 минути за Ливерпул.

Овој играч од средниот ред пристигна во Европа пред четири години.

Барселона го купи од бразилски Гремио за 30 милиони евра и се чинеше дека добија играч за врска од висока класа. Во меѓувреме, Артур почна да се однесува непрофесионално, што ги поттикна Шпанците да размислат дали тој е вистинскиот избор.


Во летото 2020 година, Артур се пресели во Јувентус за 76 милиони евра (во спротивна насока отиде Миралем Пјаниќ за приближно иста сума) и тука започна неговиот пад. Честите повреди и лошата форма го ставија на трансфер листата на Јувентус, кој не успеа да се ослободи од него до 30 септември.


Тогаш се појави Ливерпул на кој итно му требаше играч од средниот ред. Клоп не успеа да ги доведе примарните цели во претходниот преоден рок и беше принуден да тргне по Артур. Но, по само 16 дена, Артур е веќе отпишан на „Енфилд“ и на 1. јануари се враќа во Торино, каде исто така не го сакаат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови