Работнички во 14.коло од Првата фудбалска лига денеска (13 часот) гостува кај Струга Трим Лум. Новиот тренер Борче Христов очекува добро издание на тимот и поволен епилог на крајот од мечот. Тој денеска ќе го има официјалното деби на клупата.
„Не очекува тежок и неизвесен натпревар. Работевме интензивно од моето назначување, се уште се запознаваме со фудбалерите и начинот на работа, но веќе ги имаме најзначајните контури како би требала да изгледа играта на Работнички во наредниот период. Многу борба, многу трчање и нагласена желба за позитивен резултат. Се надевам дека веќе денеска ќе одиграме на ваков начин и дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Струга Трим е квалитетен тим, посебно добро игра на домашен терен и ќе мора да одиграме речиси совршено за да успееме да ја оствариме нашата цел“, изјави шефот на стручниот штаб, Борче Христов.
Шкендија на домашен терен го пречекува Брегалница, а Академија Пандев ќе биде домаќин на Тиквеш. Лидерот Шкупи навидум има лесна задача против Пелистер, а Борец ќе ја пречека Ренова во Велес.
Вчера, Македонија ЃП го совлада Скопје на гости со 1-2.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО (13 ЧАСОТ)
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ТИКВЕШ
БОРЕЦ – РЕНОВА
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
ВЧЕРА: СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski