Connect with us

Галтие: Не сакам да ја коментирам суспензијата на Меси

Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, не сакаше да ја коментира одлуката на клубот да го суспендира Лионел Меси.


„На почетокот на неделата колегите ме известија за одлуката да го суспендира Лео. Кога ја добив таа информација решив да не ја коментирам. Вработен сум во клубот, одлуката е донесена и нема да коментирам на него“, рече Галтие на прес-конференцијата.

Клубот во вторникот покрена дисциплинска постапка против аргентинскиот фудбалер кој, како што пренесуваат француските медиуми, е суспендиран на две недели откако без дозвола отпатува за Саудиска Арабија.

Од клубот не го соопштија времетраењето на суспензијата. За тоа време Меси нема да тренира со тимот и нема да зема плата. Договорот на Меси истекува во јуни и се шпекулира дека ќе го напушти парискиот клуб, а Галтие беше запрашан дали еден од најдобрите фудбалери на сите времиња по суспензијата повторно ќе заигра за Пари Сен Жермен.

„Ќе видиме кога Лео ќе се врати, ќе видиме што ќе се случи. Ќе има дискусии на клупско ниво, но и со Лео“, додаде тренерот.

На пет кола пред крајот на Лига 1, Пари Сен Жермен е првопласиран на табелата со 75 бодови, пет повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј. ПСЖ в недела гостува кај Троа, а Олимпик Марсеј ќе игра со третопласираниот Ленс кој има 69 бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови