Connect with us

Фудбалерите на Јувентус креваат бунт против Алегри?

Јувентус вечерва гостува во Болоња. Ситуацијата е критична, се наредија неколку порази, а и по враќањето на бодовите веќе не се сигурни за пласман во Лигата на шампионите. Севилја ги чека во Лига Европа, а како што играат сега, шансите да ја дофатат Будимпешта не се големи. Во секој случај, вечерва ги очекува голем тест, а за позицијата на Масимилијано Алегри сѐ повеќе се зборува.


Тој е заштитен со силен договор, но „Кориере дело Спорт“ тврди дека ситуацијата во соблекувалната е лоша и дека играчите се незадоволни од тренерот.

Извори од Јувентус тврдат дека играчите се „ментално скршени“, дека нема автоматичност во играта, дека тренерот го менува тимот на секој натпревар. Покрај тоа, тие се исцрпени од повреди во текот на сезоната, па многумина ја доведуваат во прашање работата во текот на летото, кондицијата, како и лекувањето на повредите.

Алегри е нервозен, имаше неколку испади во медиумите, а на прашањето дали има незадоволни меѓу играчите, веднаш „пукна“:

„Кој ви го кажа тоа, дајте ми ги имињата…“

Многу играчи веќе гледаат кон излезната врата. На Ди Марија, Рабио, Квадрадо им истекуваат договорите, не се знае што ќе биде со Влаховиќ. Една информација е дека Јувентус не размислува да го продаде, но многумина сметаат дека и нема доволно квалитетни понуди за него. Никој не е подготвен да плати повеќе од 60 милиони евра, што би било и солидна загуба за Јувентус во однос на инвестицијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови