Connect with us

Драма во Дортмунд: Борусија се врати од мрвите и освои бод против Баерн (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд имаше негатива од 0-2 на петнаесетина минути пред крајот од дербито со Баерн Минхен, но успеа да стигне до 2-2, избегна пораз и освои бод.

Леон Горецка во 33.минута донесе водство, а Лирој Сане во 53.минута зголеми на 0-2.

Се одеше кон тоа дека баварскиот тим ќе стигне до триумф на „Сигнал Идуна парк“.

Но, Мукоко во 74.минута ја врати надежта и намали на 1-2, а Кингсли Коман во 90.минута доби црвен картон. Во судиското продолжение, Антони Модесте погоди во 95.минута и израмни на 2-2 за еуфорија кај домашните фанови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови