Connect with us

Дембеле нема да се врати ниту на дербито против Атлетико Мадрид

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле, нема да се врати во тимот на дербито против Атлетико Мадрид, како што беше прелиминарниот план на Каталонците.


Французинот продолжува да се опоравува од повредата со која се здоби на крајот на јануари. Барса одлучи да не го ризикува неговото здравје.

Осман Дембеле ќе го пропушти и гостувањето кај Рајо Ваљекано во многу напорната недела со натпревари распоредени во три дена.

На 29 април, Барселона му гостува на Бетис и се очекува тогаш Дембеле повторно да биде во плановите на тренерот Чави Хернандез.

Барселона моментно има 11 бода предност на врвот во Ла Лига, но, сепак, избраниците на Чави не успеаја да постигнат гол во последните два натпревари против Хетафе и Џирона, па враќањето на Дембеле ќе биде одлична вест за каталонскиот шеф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови