Connect with us

Бразилците демантираа дека постигнале договор со Анчелоти за селекторската позиција

Челниците на бразилскиот фудбал демантираа дека имаат договор со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, да ја преземе селекцијата на „кариоките“ по завршувањето на оваа сезона.
Тие се без селектор по елиминацијата на Нејмар и друштвото од Мундијалот во Катар кога Тите ја напушти клупата.


Веднаш по објавата на „ЕСПН“, Фудбалската федерација на Бразил одговори со демант.
„Фудбалската федерација на Бразил информира дека веста објавена овој петок (10.02) дека тренерот на Реал Мадрид, Италијанецот Карло Анчелоти, е нов селектор на бразилската репрезентација е неоснована“, се вели во соопштението на Бразилците.

Ова е очекувана реакција, со оглед дека Карло Анчелоти сѐ уште е актуелен тренер на Реал Мадрид, кој утревечер ќе игра во финалето на Светското клупско првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови