Connect with us

Бернардо Силва ги нокаутира „кралевите“ за едно полувреме (ВИДЕО)

Манчестер Сити е на прагот на финалето во Лигата на шампионите, откако обезбеди водство од 2-0 на „Итихад“ по првото полувреме од реванш мечот против Реал Мадрид во полуфиналната пресметка. Бернардо Силва ги нокаутира „кралевите“ со два гола, во 23. и во 37.минута, а тимот на Карло Анчелоти може да биде среќен што само двапати се тресеше мрежата на Тибо Куртоа.

Португалецот стрелаше дури откако Ерлинг Халанд двапати сериозно се закани, а спасуваше белгискиот чувар на мрежата на „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид беше напикан пред и во својот шеснаесетник, речиси и да не се закани, освен шутот од далечина на Тони Крос, кој заврши во гредата од голот на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови