Connect with us

Бензема: Ова е остварување на мојот детски сон

Карим Бензема ја доби наградата „Златна топка“ која секоја година ја доделува светски познатиот спортски магазин „Франс Фудбал“ на најдобриот светски фудбалер. Бензема беше најголемиот фаворит за освојување на оваа награда.


Тој беше најдобар стрелец и најдобар играч на Реал Мадрид на нивниот пат до европската и шпанската шампионска титула. Во сезоната постигна 50 гола, од кои 15 во Лигата на шампионите.

„Ова е остварување на сонот. Уште како дете сонував да ја освојам Златната топка”, изјави Бензема, кому на сцената му се придружија мајка му и целото негово семејство.

Наградата му ја додели Зинедин Зидан, добитник на „Златната топка“ во 1998 година.

Втората позиција во изборот на „Франс Фудбал“ му припадна на Садио Мане, третопласиран е Кевин де Брујне, а потоа следуваат Роберт Левандовски и Мохамед Салах.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови