Connect with us

Баерн Минхен тргнува по Френки де Јонг

Европскиот првак Баерн Минхен сака да го доведе во своите редови Френки де Јонг, холандскиот играч за врска на Барселона. Баварците сакаат да ја искористат финансиската криза во Барселона и порачаа дека би платиле 75 милиони евра за фудбалерот од средниот ред на Барса. Тој за истата сума од Ајакс пристигна на „Камп Ноу“ пред една сезона. 

Од доаѓањето во Барселона, Френки де Јонг одигра 42 натпревари во дресот на Барселона и се наметна како еден од главните играчи во составот на Роналд Куман. Оваа сезона Холанѓанецот настапи на 15 меча за каталонскиот гигант. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови