Connect with us

Алтипармаковски: Брегалница сака да им се врати на победите

Брегалница го остава зад себе поразот од лидерот Шкупи во претходното коло, фокусирајќи се на пресметката против Скопје во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.


„Сините“ утре од 13 часот на Градскиот стадион во Штип го пречекуваат Скопје со желба за враќање на победите во шампионатот.

„Го оставаме зад нас поразот од Шкупи и со мислите целосно сме кон дуелот со Скопје. Знаеме дека пресметката со Шкупи не смее да остави никаква трага врз играта, затоа што мора повторно да се вратиме на позитивните изданија“, вели најдобриот стрелец на Брегалница, Марјан Алтипармаковски.

Сепак, тој го респектира Скопје и повикува на максимална концентрација.

„Мора да нагласам дека навистина го почитуваме тимот на Скопје кој е еден компактен состав што се гледа и од игрите на претходните натпревари. Но, наш императив ќе биде победата. Мора да го дадеме максимумот ако сакаме бодовите да останат во Штип, меч кој мора да биде одигран концентрирано до крај, без грешка, за да се дојде до триумфот“, потенцира Алтипармаковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови