Connect with us

Ал-Наср бара нов тренер и доставил фантастични понуди до Зидан и до Мурињо

Ал-Наср посакува големо име за нов тренер откако се раздели со Руди Гарсија. Како најголеми желби се истакнуваат Зинедин Зидан и Жозе Мурињо, изјави за „CBS Sports“ извор близок до саудискиот гигант.


Тимот на Кристијано Роналдо има амбициозни планови за нивниот следен тренер, а на врвот на листата се освојувачите на Лигата на шампионите, Зинедин Зидан и Жозе Мурињо.

Првичната понуда му е испратена на Зидан. Французинот е без работа откако го напушти Реал Мадрид по вторпат во 2021 година. Се претпоставува дека во тие разговори е вклучен и Роналдо. Сепак, не е за верување дека францускиот стратег ќе се одлучи за работа во Саудиска Арабија.

Жозе Мурињо во моментот е на клупата на Рома, а добил исто така неверојатна финансиска понуда од 120 милиони евра. Но, и тој веројатно ќе сака да продолжи да работи во Европа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови