Connect with us

Звезда е „закон“ во Србија: Партизан декласиран во „вечното дерби“ (ВИДЕО)

Во 178. „вечно дерби“ на српскиот фудбал, Црвена Звезда убедливо го совлада Партизан со 3-0 на стадионот „Рајко Митиќ“ во 24. коло од Суперлигата, потврдувајќи ја својата доминација во домашното првенство.

Натпреварот започна со динамична борба, а голманот Милошевиќ блескаше со неколку фантастични одбрани за Партизан. Сепак, во петтата минута од судиското продолжение на првото полувреме, Василије Костов го отвори резултатот со удар со глава по прецизниот центаршут на Александар Катаи за 1-0.

Во второто полувреме Црвена Звезда презеде целосна контрола. Во 56. минута, Марко Арнаутовиќ со спектакуларен удар ја зголеми предноста на 2-0, предизвикувајќи ерупција на трибините.

Натпреварот кратко беше прекинат поради инцидент на јужната трибина, каде што гостинските навивачи запалија дел од секторот, но противпожарните служби реагираа брзо. Партизан доби шанса преку пенал во 71. минута, но голманот Матеус одбрани, а по интервенцијата на ВАР поништен беше и погодок на Костиќ.

Третиот гол за конечни 3-0 дојде во 77. минута по асистенцијата на Костов, кога Катаи рутински реализираше.

Со оваа победа, Црвена Звезда ја зголеми предноста на врвот на табелата и сега води со четири бода пред Партизан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови