Фудбалскиот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда ќе има силна хуманитарна цел, бидејќи целиот приход од оваа пријателска средба ќе биде наменет за фондот за настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март и однесе 61 живот, додека 194 лица беа повредени.

Еден месец подоцна, Вардар и Звезда ќе играат хуманитарен меч, а според најавите на трибините на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје треба да има околу 30.000 гледачи.
Шампионот на Србија, Црвена Звезда, во Скопје допатува со 20 фудбалери, под водство на тренерот Владан Милојевиќ, меѓу кои се Омри Глазер, Милан Родиќ, Гелор Канга, Александар Катаи, Раде Круниќ, Бруно Дуарте, Андрија Максимовиќ. Ќе недостасуваат капитенот Мирко Иваниќ, Тим Елшник и напаѓачот Шериф Ендиаје.
Натпреварот е доказ за солидарноста помеѓу клубовите и народите од регионот, и претставува симболично обединување преку спортот за поддршка на жртвите и нивните семејства.
Оваа вечер, фудбалот ќе има повисока цел од резултатот на теренот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













