Connect with us

Зубименди сака да си замине од Арсенал

Мартин Зубименди е подготвен да побара трансфер во друг клуб уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат неколку британски медиуми. Седум европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид и Барселона, но и ривалот на Арсенал во Премиер-лигата, Челси, веќе се информирани дека шпанскиот репрезентативец сака нов предизвик во кариерата.

27-годишниот играч за врска донел одлука да го напушти Лондон по разочарувачкиот период во дресот на Арсенал. Зубименди, кој има 30 настапи и три гола за шпанската репрезентација, пристигна од Реал Сосиедад во летото 2025 година за 60 милиони фунти.

Неговото доаѓање предизвика големи очекувања, а првичните планови на менаџерот Микел Артета беа Шпанецот да биде една од клучните фигури во средниот ред на „топчиите“.

Сепак, во изминатата година Зубименди постепено ја губеше довербата на стручниот штаб, а во актуелната сезона сè уште нема ниту еден настап како стартер во натпревар од Премиер-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови