Арсенал на Микел Артета повторно одлично ја започна новата сезона, но шпанскиот стратег сега се соочува со неочекуван проблем.
Мартин Зубименди би можел уште во јануарскиот преоден рок да го отвори прашањето за заминување од Арсенал, иако во лондонскиот клуб е нешто повеќе од една година.
Шпанскиот играч за врска пристигна во Арсенал од Реал Сосиедад во летото 2025 година за 60 милиони фунти, а минатата сезона имаше исклучително важна улога во тимот на Микел Артета.
Зубименди ги одигра сите 38 натпревари во Премиер-лигата и беше дел од составот кој ја освои титулата шампион на Англија.
Сепак, стартот на новата сезона донесе целосно поинаква слика. Арсенал ги доби сите четири лигашки натпревари, последниот против Сандерленд со 0-2, но Зубименди досега доби многу малку простор за игра.
Во првите четири кола од Премиер-лигата, шпанскиот репрезентативец на теренот помина само 59 минути. Кога ќе се додадат и останатите натпреварувања, неговата минутажа и понатаму е далеку од она што би се очекувало од фудбалер со неговиот реноме.
Проблем за Зубименди е и големата конкуренција во средниот ред. Деклан Рајс, Мајлс Луис-Скели, Мартин Одегард и новото засилување Бруно Гимараеш моментално имаат предност во плановите на Артета.
Особено интересна беше ситуацијата на натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи, кога Артета одмораше дел од првотимците. И тогаш во средниот ред, на подлабока позиција, играше Микел Мерино заедно со Рајс, а не Зубименди. Тоа дополнително покажува каква е моменталната ситуација на шпанскиот играч за врска.
Според информациите, Реал Мадрид и понатаму е во контакт со претставниците на Зубименди. Доколку до почетокот на новата година не успее да се избори за место во стандардниот состав, тој би можел да инсистира на заминување уште во јануари.
Тоа би претставувало сериозен удар за Артета, особено ако се знае дека клубот минатото лето издвои голема сума за да го доведе фудбалерот кого го сметаше за исклучително важен за средината на теренот.
Сепак, Артета уште во август јасно зборуваше за Зубименди и ја отфрли можноста Арсенал да сака да го продаде.
„Без никакво сомнение, тој беше еден од најдобрите играчи на Арсенал минатата сезона. Без него никогаш немаше да дојдеме во позиција во која се наоѓавме во последните неколку недели“, изјави тогаш Артета.
Тренерот на Арсенал посебно инсистираше да не се заборави придонесот на Зубименди во текот на целата сезона, дури и ако немал голема минутажа во финишот.
„Од сите нас – тренерите, мене, а особено од соиграчите – заслужува огромно признание. Без него никогаш немаше да го достигнеме нивото на кое се натпреварувавме десет месеци“, порача Артета.
Кога директно беше прашан дали Зубименди може да биде продаден, Артета тогаш беше категоричен:
„Не, тој за нас е многу важен играч.“
Останува да се види дали Артета во продолжението од сезоната ќе одлучи да му даде поголема улога на Зубименди или во јануари ќе дојде до разделба меѓу Арсенал и одличниот шпански играч за врска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













