Холандскиот репрезентативец Џошуа Зиркзе цврсто стои на својата желба да му се приклучи на италијанска Рома во јануарскиот преоден рок и инсистира да го напушти Манчестер Јунајтед, и покрај отказот на менаџерот Рубен Аморим, пишува весникот „Газета дело Спорт“.
И Рома нема намера да се откаже од 24-годишниот напаѓач, а фудбалерот веќе ги известил „црвените ѓаволи“ дека негов приоритет е враќање во Италија.
Италијанскиот клуб е подготвен да го доведе Зиркзе за 38 милиони евра преку договор за позајмица со опција за задолжителен откуп, врзан со пласман во Лигата на шампионите.
Понудата кон поранешната ѕвезда на Болоња предвидува плата од 3,5 милиони евра годишно, со договор до 2030 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













