Connect with us

Зинедин Зидан официјално е именуван за нов селектор на Франција

Тоа што со месеци се најавуваше, сега доби и официјална потврда, Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација.

Легендарниот Французин беше претставен како нов предводник на „петлите“ од претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало, на специјална прес-конференција во Париз.

Зидан на селекторската позиција го наследува Дидие Дешамп, кој цели 14 години ја предводеше Франција. Под негово раководство националниот тим стана светски шампион во 2018 година, а играше и во финалето на Европското првенство во 2016 година. На последното Светско првенство 2026, Франција беше елиминирана во полуфиналето од подоцнежниот шампион Шпанија.

Првите натпревари на Зидан како селектор ќе бидат во Лигата на нации. Франција во септември ќе гостува кај Турција и Белгија, додека првиот домашен натпревар под водство на новиот селектор ќе го одигра на 2 октомври против Италија.

Зидан беше без тренерски ангажман од 2021 година, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид. Како тренер на „кралевите“, тој испиша историја освојувајќи три последовни титули во Лигата на шампионите во периодот од 2016 до 2018 година, а двапати стана и шампион на Шпанија.

Сега пред Зидан е нов огромен предизвик, да ја продолжи успешната ера на француската репрезентација и да ја врати на врвот на светскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови