Интер направи голем чекор кон Скудетото откако во спектакуларно дерби на „Џузепе Меаца“ го совлада големиот ривал Јувентус со 3-2. Херој на вечерта беше Пјотр Зиелински, кој го постигна победничкиот гол во 90. минута.
Јувентус од 42. минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Пјер Калулу. Во првото полувреме Андреа Камбијасо постигна два гола – најпрво си ја затресе сопствената мрежа, а потоа во 26. минута израмни на 1-1.
Во вториот дел, Пио Еспозито во 76. минута повторно го донесе Интер во водство, но Мануел Локатели израмни на 2-2 во 83. минута.
Сепак, драмата кулминираше во самиот финиш, кога Зиелински со прецизен удар донесе огромна радост за „нероаѕурите“ и победа што може да се покаже клучна во трката за титулата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













