Зинедин Зидан не ја криеше својата возбуда по официјалното назначување за нов селектор на Франција, откривајќи дека токму оваа функција била неговата единствена цел во изминатите пет години. Легендарниот Французин истакна дека во тој период одбил бројни понуди од клубови, чекајќи ја шансата да го преземе националниот тим.
На своето прво обраќање, Зидан најнапред испрати порака за поддршка до пожарникарите и семејствата погодени од големите шумски пожари во Франција.
„Сакам да започнам со порака за поддршка до сите пожарникари кои се борат со огнената стихија. Многу семејства минуваат низ тежок период и моите мисли се со нив“, изјави Зидан.
Потоа зборуваше за исполнувањето на својот долгогодишен сон.
„Ова е остварување на мојот сон. Во последните четири или пет години добивав понуди да водам клубови, но сите ги одбив бидејќи единствено сакав да станам селектор на Франција. Израснав со оваа репрезентација, поминав низ сите селекции до првиот тим и ќе направам сè за да продолжиме да победуваме. Едвај чекам да почнам со работа. Ова е огромна чест и голема радост за мене“, рече новиот селектор.
Зидан не пропушти да му оддаде признание и на својот претходник Дидие Дешамп.
„Сакам да му честитам на Дидие Дешамп за сè што направи. Сега почнува ново поглавје, но целта останува иста – Франција да победува. Имаме извонреден тим и прво сакам да се запознаам со играчите и да им ја претставам мојата визија.“
На прашањето каков стил на игра ќе негува, Зидан само кратко одговори:
„Наскоро ќе го видите. Бев ‘десетка’ и отсекогаш сум сакал офанзивен фудбал и голови. Живеев 25 години во Шпанија, а тоа доволно кажува за мојата фудбалска филозофија. Како играч бев лидер, а сега ќе се обидам тоа лидерство да го пренесам како тренер. Освојувањето на Светското првенство во 1998 година останува најубавиот момент во мојата кариера, но и денес сум исклучително емотивен поради ова назначување.“
Тој потврди дека сè уште не разговарал со капитенот Килијан Мбапе.
„Во моментов најважно е Килијан да се одмори. Во септември ќе имаме време да разговараме, како и со останатите репрезентативци. Тогаш нè очекуваат четири натпревари и ќе имам три недели за да ја подготвам екипата. Работата со репрезентација е поинаква од водење клуб, но тоа не ме плаши. Токму ова го посакував.“
На крајот, Зидан откри дека и покрај тоа што пет години не работел како тренер, постојано бил посветен на фудбалот.
„Не мирував. Следев огромен број натпревари, дури и повеќе отколку кога бев тренер на Реал Мадрид. Особено внимателно ја анализирав играта на француската репрезентација и подготвен сум за овој предизвик.“
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













