Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе стане нов селектор на Франција веднаш по завршувањето на Светското првенство. Тој ќе го наследи актуелниот стратег Дидие Дешамп.
Според информациите, 53-годишниот стручњак веќе дал согласност да застане на чело на „петлите“. Двете страни постигнале устмен договор, додека официјалните документи сè уште не се потпишани.
Дешамп уште во јануари минатата година најави дека ќе се повлече од функцијата по завршувањето на Мундијалот 2026.
Тренерската кариера на Зидан досега беше целосно врзана за Реал Мадрид, во два мандата (2016–2018 и 2019–2021). Под негово водство, „кралевите“ освоија две титули во шпанската Ла Лига и ја покорија Лигата на шампионите три последовни сезони — подвиг што останува еден од највпечатливите во модерната европска клупска историја.
Доколку договорот биде финализиран, Зидан ќе ја преземе селекцијата со јасна амбиција – враќање на светскиот трон и продолжување на континуитетот на Франција како глобална фудбалска сила.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













