Connect with us

Жозе Мурињо утрово ја известил Бенфика дека го презема Реал Мадрид

Жозе Мурињо од следната сезона повторно би можел да седне на клупата на Реал Мадрид. Во последните неколку дена најголемите светски медиуми известуваа за наводни состаноци, но никој не објави конечна одлука.

Според португалските медиуми, сега е дефинитивно, Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид.

Договорот наводно бил финализиран доцна синоќа, а информациите утрово стигнале до медиумите.

Мурињо како нов тренер на Реал Мадрид треба да биде претставен веќе следната недела.

Мурињо рано утрово за сè го известил и Руи Кошта, па сега е јасно дека нема да остане во Бенфика.

Руи Кошта се обидел да направи сè за Мурињо да остане на клупата на клубот, но не успеал во тоа.

Бенфика ќе добие 7 милиони евра компензација од Реал Мадрид, а веќе е познато и кој ќе биде нов тренер на португалскиот клуб.

Имено, Марко Силва наводно ќе ја преземе тренерската функција во Бенфика, бидејќи е договорено доколку Мурињо замине во Реал Мадрид, токму тој да пристигне на неговото место.

Се очекува челниците на Бенфика следната недела официјално да го претстават новиот тренер, а тоа би требало да биде Марко Силва.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови