Напаѓачот на Челси и португалски репрезентативец, Жоао Феликс, постигнал принципиелен договор со Бенфика за негово враќање во клубот. Агентот Жорге Мендеш прави сѐ што е во негова моќ за да го реализира трансферот на Жоао Феликс назад во Бенфика што е можно побрзо.
Според медиумите во Португалија, откако клубот веќе се договорил со играчот, португалскиот тим води преговори со Челси за да ја финализира зделката.
Феликс играше за Бенфика од 2015 до 2019 година, по што прејде во Атлетико Мадрид за 127,5 милиони евра, но не успеа целосно да се наметне во тимот на Диего Симеоне.
Во втората половина од минатата сезона тој настапуваше за Милан, каде постигна два гола на 15 натпревари во Серија А.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Шпанците се први финалисти на Мундијалот (ВИДЕО)













