Connect with us

Жоао Феликс се сели во Италија за да ја оживее кариерата

Напаѓачот на Атлетикo Мадрид, Жоао Феликс, ќе го напушти клубот во јануари, пренесуваат шпанските медиуми. Диего Симеоне реши да се откаже од неговите услуги, а веднаш се јавија два италијански клуба кои го посакуваат во своите редови.


Првиот е Милан, кој бара замена за Златан Ибрахимовиќ, кој еден ден ќе мора да ги „закачи копачките“.

Другиот гигант од Серија А кој го посакува Жоао Феликс е Јувентус.

Мората веќе не е по вкусот на Алегри, „старата дама“ е подготвена да вложи пари во новата „деветка“.

„Калчото“ треба да биде следна дестинација на Португалецот кој сака да ја оживее кариерата. Тој дојде во Атлетико Мадрид од Бенфика за фантастични 127 милиони евра. Пред Феликс е долга кариера, со оглед дека има само 22 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови